🎥📞Националните установи до 1 август ќе ја доставуваат нацрт-програмата до Министерството за култура

You must need to login..!

Опис

Културата е поврзана со публиката. Владата донесе Уредба со законска сила, за примена на Законот за култура за време на вонредна состојба, со цел, наместо рокот за донесување на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата за 2021 година да биде до крајот на јуни, тој се пролонгира до 1 август, оваа година. Ова е добра вест за сите установи, бидејќи добиваме време. Направивме предлог протокол за реализација на проектите и тој протокол е пратен во Институот за јавно здравје. Во исчекување сме на одговор, изјави за Утрински брифинг Афет Јашари, координатор за програми во Министерството за култура.

-Имаше повик од страна на Министерството сите работници кои сакаат да се откажат од прокетите вон националните установи да добијат 14.500 денари, но многу е мал бројот кој се откажал од таквите проекти. Затоа моравме да го продолжиме рокот за да може да се реализираат овие проекти, смета Јашари.

-Здравјето е пред се. Цело време ги следиме светските културни институции па и ние сакаме на сличен начин да ги отвараме оние отворени простории, , библиотеки, музеи… Чекаме зелено светло од Институтот за јавно здравје, за наредниот месец да почнеме со нивно отворање, додаде Јашари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 5 =