🎥📞Мемети: Инспиративна заедничка борба на лекарите и пациентите

You must need to login..!

Опис

Облечена со скафандер, маска, два пара нараквици, по некое време телото едноставно не може да функционира лесно. Станува топло под сите тие слоеви, дишењето е отежнато од маската, а наочарите цело време се замаглуваат.

По одреден период едноставно не можев повеќе да фотографирам, додека покрај мене луѓето од интензивна нега, кои со часови ја носат таа облека, функционираа нормално, напиша на Фејсбук фотографката Арбнора Мемети за своето искуство од посетета на Инфективната клиника во Скопје.

„И покрај несериозниот пристап на граѓаните кон ситуацијата, и покрај многуте жртви кои ја изгубија битката пред нивни очи, овие луѓе упорно продолжуваат да се борат ризикувајќи го нивниот живот за да спасат друг“, напиша меѓудругото фоторепортерката Мемети на својот профил на Фејсбук.

„Забележав многу добар третман на Клиниката и една заедничка борба на лекарите со пациентите“, изјави за Утрински брифинг фоторепортерката Арбнора Мемети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + 13 =