🎥📞 Маричиќ: Европските пари за Северна Македонија се голема финанскиска поддршка која ќе се користи за зрели и крупни проекти

You must need to login..!

Опис

-Оваа ИПА рамка за предпристпна помош е малку поинаква од сите претходни и таа се базира на тоа колку е државата кандидатка спремна за зрели проекти, нивна поддршка и за каква политичка цел ќе бидат искористени овие пари, односно кој ќе биде ефектот во јавните политики и ефектот во општеството, притоа потрошени преку ИПА фондовите.

-Има неколку видови на фондови кои се достапни за Северна Македонија. Помошта за КОВИД-19 ни е веќе доделена, ќе има и регионална помош односно план за економски развој на регионално ниво кој што на есен треба да го објави евро-комесарот Вархеј, но исто така од регионалната ИПА ќе ни бидат достапни средства за одредени проекти – како поддршка за коридорите, енергетика, инфраструктура итн. Она што како бројка е битно е дека има скоро 12,6 милијарди за целиот регион.

-Таа е единствената бројка која е сигурна и однапред дефинирана. Бројката од 3 милијарди евра е достижна доколку навистина се надминеме во имполементирање на проектите. Нашата досегашна бројка или перформанс е меѓу 80 или 100 милиони евра годишно искористување на европски пари. Во овој момент се дефинирани или се додефинираат проектите кои што ќе се финансираат и парите кои што се програмираат во наредните 7 години.

-Тука се областите транспорт и инфраструктура, земјоделие, животна средина, правда и реформи во правосудството и други области кои се дефинирани, изјави во Утрински брифинг Бојан Маричиќ, шеф на техничкиот тим за преговори со ЕУ и додаде дека доколку се покаже успех во имплементација на овие проекти и доколку се искористат максимално средствата достапни до регионалната ИПА можеме да дојдеме до милијардите кои што се споменуваат но тие не се однапред гарантирани и зацртани.

-Средствата се за егзактни цели и домашни потреби. Како пример ќе дадам пречистителната станица во Скопје, справувањето со диви отпади во државата, значи има конкретни цели кои се во функција на домашните потреби поврзани со одредена политика. Тука е и процесот на декарбонизација, на користење на енергија без јаглен – сето тоа се политики кои се во интерес и на ЕУ и на Северна Македонија.

-Предпристапната помош треба да се разбере како поддршка за реформите, за трансформаци и европеизација и поддршка на преговорите со ЕУ. Наша цел е доколку е можно ова да биде последната финансиска рамка во која ние ќе фигурираме како држава кандидатка, туку во наредната финансиска рамка од 2028 ќе фигурираме како држава членка, изјави Маричиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 1 =