🎥📞 Д-р Митов: Вакцината не е извадена како зајак од шеширот на магионичар – туку е еден многу сериозен процес од најмалку 6 месеци

You must need to login..!

Опис

До пред неколку недели се поставуваше прашање дали ќе имаме вакцина, но сега таа неизвесност веќе ја нема. Според СЗО над 140 кандидати за вакцина се во фазие на обид. ВО првата фаза кога се тестира безбедноста во многу мали групи има 17 кандидати, уште 13 во втората и 5 во третата која е и последна фаза.

Многу оптимистички најави имаме и од Кина, Русија, Велика Британија но и САД. Така што иамме четири сериозни кандидати каде што се подготвуваат милијарди вакцини и прогнозите се дека во почетокот на 2021 година би почнало масовно тестирање. Ако е така, а се повеќе доказите одат во тој правец се чини дека оваа состојбаљ ќе трае само една година, изјави во Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

-Вакцината не е извадена како зајак од шеширот на магионичар. Значи не е преку ноќ, туку е еден многу сериозен процес од најмалку 6 месеци. Сериозноста на овие фази не треба да биде доведена во прашање. Станува збор за илјадници тестирања кај животни, илјадници испитувања и тестирања кај луѓе, додава Д-р Митов.

-По однос на процентот на население кое е расположено против вакцините е инзвонредно мал, низок број на население. Но гласноста по социјалните мрежи на тие луѓе остава впечаток дека групата е голема. Во моментов кандидатите за вкцини зборуваат за создавање имунитет за над 90% од случаите кај што била пробана вакцината. Како што ќе зима замав вакцината и кај луѓето ќе расте свесноста, смета Д-р Митов.

Целиот разговор во Утрински брифинг со Д-р Александар Митов проследете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + eighteen =