📞 Димовски: ССМ бара кривична одговорност за работодавачите кои не ги исплатиле 14.500 денари дадени од државата

You must need to login..!

Опис

-Како ССМ дојдовме до информации дека работодавачи го злоупотребиле законот за работни односи и не исплатиле плата од предвидениот минимум. Платите и работните места се делат според образование и каква сложеност на работа работиш. Апсурдот да е поголем е што државата ги додели тие 14.500 денари, а преку 700 работодавачи не ги исплатиле, изјави во Утрински брифинг претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

-Ние како ССМ ќе отвориме широка дебата како понатаму. Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и согласно законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но тоа не е доволно и мора кривично да се одговора, вели Димовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + nineteen =