🎥📞 Арсовски: Сите опции се отворени – допрва почнуваат меѓупартиските комбинаторики

You must need to login..!

Опис

Нискиот број на гласови кај двете најголеми партии е изненадување. Мислам дека голем притисок ќе има да не се скршне од она што до сега се правеше во смисла на евро-атлантските интеграции. Математички постојат голем број на комбинации и можни се нови изненадувања, изјави во Утрински брифинг политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Икао ДУИ има најголем број на мандати, останатите албански партии имаат поголем број на пратеници. Јас мислам дека партиите допрва ќе ги прават меѓупартиски комбинаторики. Не сум сигурен дека ДУИ ќе продолжи со инсистирање на Албанец за премиер и мислам дека тој став ќе се ревидира, вели Арсовски.

На Македонија и е потребна една изборна единица. Овој изборен модел покажа дека некаде е потребно девет илјади гласови за да се освои пратеник, а некаде со 5 илјади се станува народен избраник.

Мислам дека она што ЕУ прво го гледа е дали имаме стабилна демократија. Меѓународната заедница е многу цврста по прашање на договорите за добрососедство – нема да поддржат партија кој прокламира ревидирање на овие договори, додаде Арсовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten − nine =