🎥 Џинго: Единствена Македонија ќе го поништи Договорот од Преспа

You must need to login..!

Опис

Триесет години на власт се менуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Водени се од една истра матрица која создава хаос во државата, изјави во Утрински брифинг Билјана Џинго од Единствена Македонија.

-Со договорите од Преспа и договорот со Бугарија се уништува духот на Македонија. Постојат механизми да се поништат овие договори. Партијата Единствена Македонија го гледа светот малку пошироко од НАТО и ЕУ и смета дека Македонија не треба да е врзана само со ЕУ и НАТО, туку постои и евро-азиска унија како и стратешко партнерство со Русија.

Џинго истакна и дека партијата е задоволна од досегашните партиски анализи за тоа како стои партијата помеѓу гласачите.

-Цело време сме на терен и премногу сме задоволни од приемот кај граѓаните, вели Џинго.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − six =