🎥 Топузоска: Градинката „8 Март“ целосно подготвена за прием на дечињата

You must need to login..!

Опис

Како градинка во очекување сме да ни биде закажан терминот кога ќе ни биде направен скринингот. Според мои сознанија тој се прави во самите објекти, што е големо олеснување за вработените, изјави за Скопски агол на Утрински брифинг директорката на градинката 8-ми Март, Павлина Топузоска.

Околу препораките и насоките од надлежните институции, Топузоска вели дека сите мерки се почитуваат.

-Овој период кога немаме дечиња го искористивме за уредување на просторот, преперување на постелнини, уредување на дворот, така што овој период имамвме вакви оперативни активности. Согледавме дека токму овој период е добар да се искористи за да бидеме уште поподготвени кога ќе се дозволи децата да бидат примени во градинката.

-Сакам да упатам и благодарност до Владата која што ни ги донираше, односно ни овозможи промена на прозорци со ефикасна вредност. Сакам и да упат благодарност до граданачалникот Филип Темелковски кој ни вети кречење на објектот и поставување на нова енергетска фасада, додаде Топузоска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 17 =