🎥 Завршија изборите, но не и постизборните пазарења – проф. д-р Ненад Марковиќ гостин во УБ

You must need to login..!

Опис

-Завршија изборите но не и постизборните пазарења. Имаме мала промена кај ДУИ од првичната прилично арогантна позиција диктирана токму од резултатот на изборите. Сметам дека ДУИ и доби и изгуби. Доби затоа што направи голем кам бек од 10 на 15 пратеници. Ги имаат овие пратеници кои може да ги имаат како адут за да одлучат за една или друга страна, но во исто време си ги затворија вратите на други места.

-Алијанса не сака со нив, ВМРО-ДПМНЕ знае дека би му штетела на рејтингот, а СДСМ отворено кажад дека сака да го избегне коалицирањето со нив. Со изјавите на Артан Груби видовме дека почнаа да ги омекнуваат позициите, што значи дека има ретерирање во нивниот став, изјави во Утрински брифинг проф. д-р Ненад Марковиќ.

-Одамна имам кажано дека мајскиот договор не чини. Формирањето влада по автоматизам спречува да вие отстраните одредена македонска или албанска партија која можеби има ултра-националистички ставови, има политики кои не одговораат на другите партнери, вели Марковиќ.

-Теоретски е можно Влада без ДУИ. Тоа е сценарио во кое тие ќе изгубат многу. Се засилија информациите дека СДСМ бара од ВМРО-ДПМНЕ која е во коалиција со други партии 3-4 пратеници, така што апсолутно е можно влада без.

-Со четирите пратеници од БЕСА и 12 од Алијансата и Алтернатива, доаѓаме до бројка од 16 пратеници и во ситуација сме каде што никој нема да може да тврди дека волјата на албанскиот етникум не е репрезентирана и испочитувана, смета проф. д-р Марковиќ.

Целиот разговор со проф. д-р Ненад марковиќ погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + 11 =