🎥 Атанасоски: Македонскиот гласач препознава нереална политичка понуда – доста е од милијарди и розови ветувања

You must need to login..!

Опис

Бомбите станаа дел од оружјето на двете најголеми политички партии. Искрен да бидам овој начин на препукувања не е добар за земја членка на НАТО и кандидат за членка на ЕУ. Никој не е среќен понудата на политичките партии да ни биде кој каков прислушкуван материјал ќе обезбеди за политичкиот противник и врз база на тоа да ги придобива гласовите, изјави за Утрински брифинг, политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски.

-Во изминативе 30 години се изнаслушавме нереални политички ветувања. Тоа продолжува и денес. Значи од 1.000.000.000 на Циле па се до денес некои брзи железници. Сметам дека македонскиот гласач сега може да препознае нереална понуда. Секој човек сега може и добро да се информира и сметам дека нема веќе да се потпаѓа на розовите ветувања. Колку и да сакаат партиите да се допаднат, треба да бидат свесни дека за да се реализираат тие ветувања потребен е раст, потребна е голема сума на пари во оптек за тоа да се помисли дека може да се реализира, вели Атанасовски.

Демократскиот капацитет на партиите и кандидатите

Кандидатот не може да го одбере својот опонент. Јас сум поборник на дебатите, затоа што таму граѓаните можат најдобро да оценат за кого би можело да гласаат. Искрен да бидам јас сум прилично разочаран од политичката култура/некултура на огромен број на кандидати и тоталното улично однесување на одредени кандидати. Токму заради ваквото однесување голем број на граѓаните и се обесхрабуваат и нема да излезат на гласање.

Однесувањето на ДУИ

-ДУИ има право да дава понуди целејќи кон гласачкото тело. Проблемот е што таа полкитичка партија освен создавење меѓуетнички-тензии не знае на друг начин да функционира. Доколку сакаат да егзистираат на политичката сцена мора да се победат сами себе си и да излезат од етно-националистички ров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − three =