Џафери: Собранието не е блокирано – деветмина пратеници трчаат маратон, ќе видиме кој ќе стигне до целта

You must need to login..!

Опис

Собранието на РСМ поради локалните избори не заседава, за да не се води кампања меѓу пратениците, вели претседателот на Собранието Талат Џафери кој смета дека законодавниот дом ефикасно работи и покрај тоа што впечатокот е дека постојано е блокиран.

–Перцепцијата е дека Собранието  е блокирано и неефикасно, но не е така. Пратениците наместо да дебатираа за точките во Комисијата се дебатираше за предизборна кампања и тоа предвремена. Мислам дека бев во право уште во 2017 година кога на пратенците им дадов пауза да се бават со кампања, таму кадешто треба и да не ја прелеваат во Собранието. Досега се одржаа 52 седници, разгледани се околу 700 точки, закони, извештаи, програми и од нив заостанати се или нерешени се 87 точки.  Од 700 само 87 не се решение, па проценете за ефикасноста. Треба да не се остави простор тие да не се спроведат. Има битни точки закони заглавени во комисиите, не се завршени поради комисиите. Според деловникот останува на совеста на претседателите на комисиите. Наместо политичките и партиските одлуки да ги спроведат низ деловничка процедура и да отворат  пат да се работи по тие точки.  Деловникот предвидува точен рок кога и за колку треба во кое да се разгледаат точките во рабнотните тела, но се користи правото на пратеник да може реплицира колку пати сака, да се пријави за збор неограничено и тоа се претвора во инструмент за попречување на седниците на комисиите. Неместо да се блокира за точките од Комисијата се зборуваше за предизборна кампања. Да не се прелева во самото собранието, вели Џафери. 

Според Џафери, една од можностите за одблокирање на комисиите е ако претседателот назначи нов претседател на комисијата и закаже седница, но „ефектот ќе биде ист“, вели Џафери потсетувајќи дека политичка блокада повторно ќе има и останува на совеста на пратенциите да бидат поефикасни во работата.

По локалните избори Собранието треба да продолжи со работа, а Џафери напомена дека и деветмина пратеници во моментов водат кампања за градоначалници.

– Деветмина пратеници трчаат маратон, ќе видиме кој ќе стигне до целта. Ако изгубат ќе се вратат на работа во Собранието, рече Џафери во гостувањето во Утрински брифинг.

Шаќири за скратеното работно време во петок: Треба да се отпочне ново поглавје во нашето работно законодавство

Вчера министерот за информатичко општество Јетон Шаќири излезе со контроверзниот предлог во петок администрацијата да работи со скратено четиричасовно работно време што наиде на остри реакции кај јавноста, дури и потсмев.

-Како што имаше негативни, имаше и позитивни реакции, но истовремено Законот не е во владина постапка, туку е во ЕНЕР системот каде се објавуваат предлог закони и се во фаза на добивање на коментари од сите заинтересирани страни. Треба да се отпочне едно ново поглавје во нашето работно законодавство. Должината на работното време е различно регулирано во различни држави, но и во рамките на самите држави, различни категории вработени имаат различно работно време, дециден е министерот Шаќири.

Тој појасни дека Министерстовото направило анализа за должината на работното време во однос на искуствата во другите земји членки на Организацијата за економска соработка и развој кадешто реформата за управување со човечки ресурси е еден од главните столбови на реформата за администрацијата заедно со креирање на политики и испорака на услуги и јавни финансии.

-Имајќи ги во предвид компаративните искуства во однос на детекција на кадар, покрај платите како алатки за професионална услуга, имаат и неколку можности – работа од далечина, работен ден итн. Кај нас овие механизми не се поставени и сега сме отворени за коментари на овој наш предлог и со анализата даваме краток компаративен приказ на работното време иако истото е регулирано различно во различни држави, вели министерот Јетон Шаќири.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на ова додаде дека според Законот за собрание пропишано е дека пратениците во петок треба да бидат во Изборните единици, со гласачите.

-Комисиите може да работат во петок,  дури и да има седници ако е итно. Може да се размисли за тоа, но не е спроведливо зошто според законот за работни односи има обврска за над 40 часовна работна недела и не повеќе од 30 часа надвор од работното време, рече Џафери додавајќи дека тоа е комплесна работа и мора да се регулира цел систем ако се прифати предлогот, администрацијата во петок да работи само четири часа, односно половина од предвиденото работно време.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − 7 =