Џафери: Собранието беше ефикасно, прва работа во новата година е гласање нова влада

You must need to login..!

Опис

Претседателот на Собранието Талат Џафери денес им се обрати на новинарите за она што Собранието сработи во изминатата година. Првата задача во следната година секако ќе биде гласање за новата Влада.

-Очекувам дека на 17 јануари Владата ќе биде целосно функционална. Претседателот утре ќе му го даде мандатот на новиот мандатар. Очекувам мандатарот на 10 или 11 јануари да состави предлог на владата и програма, што остава рок од најмногу 15 дена за гласање, но јас нема да го чекам крајниот рок, вели за Утрински брифинг претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

Јавноста имаше впечаток дека имаше застој во работата на Собранието.

-Донесени се преку 200 закони и околу 2о ратификација. Не може да се очекува дека сѐ ќе оди мазно оти ова е парламентарна демократија и нормално е да има спротивставни мислења. Можеби комисиите можеше да работат подинамично, иако во Деловникот се предвидени рокови, вели Џафери за Утрински брифинг.

Замолен да направи пресек на работата на институцијата со која раководи, претседателот на Собранието вели дека генерално е задоволен од завршеното.

-Мислам дека она што беше очекувано беше исполнето. Оранизацијата на седниците беше таква во овој состав што резултатот од собраниската работа е ист како и во претходните иако собранието не заседаваше секој ден. Тоа е и поекономично, вели спикерот Џафери за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

16 − 5 =