Џанго: Борбата со дрогата бара меѓународна соработка и врвни домашни оперативци

You must need to login..!

Опис

Проблемот со дрогата не е само проблем на Република Северна Македонија, туку е светски проблем. Би нагласил дека постојат разни видови на дроги. Има природни, има синтетички, халуцигонеи, депресивни итн.

Сакам да кажам дека разни видови дроги потекнуваат од разни земји. Така што дрогата како хероинот, кокаинот, не потекнуваат од Македонија, туку од Колумбија, Афганистан, Еквадор итн.

Македонија до деведесетите немаше проблем со дрогата. Во тој период општеството како такво беше поставено да дрогата тешко влегуваше најпрво во училиштата, факултетите. Со тоа тогашна Југославија не се најде на пазарот на дрога. Значи имате производители и потрошувачи.


Македонија за жал сега е и корисник односно пазар за дрогата и земја каде што се одвива транспорт, низ која поминува од исток према запад.

Тие што се производители се надвор од Македонија. Транспортот се врши ситни за ситни пари и дел од дрогата останува во Република Северна Македонија.


Ризикот од транспорт и апсењата се према лицата кои што го вршат транспортот. Со тоа целта на откривачката дејност на МВР и службите кои се платени да ја штитат државата од дрогата, за жал завршува само на транспортерите а не на крајните луѓе кои што таа дрога што ја примат ќе ја растурат на ситно.

Значи имаме канал на произведувачи, канал на транспорт и онаму каде што завршува и се дели на ситно.


За квалитетна работа на службите тогаш целиот канал треба да се реализира, односно да се апсат луѓето кои што се учесници, изјави во Утрински брифинг Љубомир Михајловски – Џанго, експерт од безбедносните сфери за тоа каква е поставеноста на македонската полиција во политиката да се гони криминал како трговија со дрога.


Треба да се знае дека за да работите на откривачка дејност мора државата да гради кадри
/оперативци кои што ќе работат и ќе бидат специјализирани за борба против дрогата.

Тоа се специфични кадри и неможе секој од оперативците да ја работи таа работа. Тоа се ризични акции и оперативци кои не работат според шаблони. Тие мора да се многу интелигентни и спремни да се снајдат во одредена средина.

Светот на дрогата е многу специфичен, вели Михајловски.


Борбата со дрогата не може локално да ја вршите. Треба да соработувате со меѓународни структури кои се спрени и ви нудат соработка. Тоа е потребно и на странските и на домашните служби – единствена цел е заедничката борба.


Во кадрите што се вложи да се изградат, зошто од индекс 100 дали 10 ќе бидат добри за овој тип на работа, за жал луѓе кои што беа обучувани за оваа работа и со сигурност придонеле многу и во иднина би помогнале од разни причини па и политички за жал беа ставени на други позиции.

Се донесоа непрофесионални одлуки и тие кадри се уништија, се уништии оперативноста на службите. За жал тоа беше и во фокусот на странските службии во иднина мора сериозно да се оформиме.

Тука во изминатиот период помогнаа службите од САД , преку ДЕА, не само во формирање на кадри туку и во опрема и замислете некој ккога со потпис на решение ќе го сруши се тоа, не не чувтвуваат како сериозни партнери, вели Михајловски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 1 =