Ќе ја начекаме „Корона“ уште при влез во Македонија

You must need to login..!

Опис
СЗО заклучно денешниот ден (29.01.2020) го подигна кинскиот „Вухам синдром“ или Корона вирусот на највисок степен, односно на ниво „Alert“.

Според последните информации на СЗО има над 4.500 заболени и околу 106 умрени лица

Вухан, Пекинг и Кина се ставени во коридор од кој што многу тешко се влегува, а уште потешко се излегува. Во пракса тоа значи – прекинување на заразата „Корона“ вирусот. Сознанијата говорат дека има над 4.500 заболени и околу 106 умрени лица. Бидејќи алертот е на највисоко ниво, целиот свет се ангажира да стапи согласно СЗО препораките во надзор и претпазливост.

Ако ме прашувате за Северна Македонија и дали сме во ризик, мојот одговор е не.

д-р Жарко Караџоски за Утрински брифинг

Во моментов не сме во опасност од проширување на вирусот во нашата држава. Добро е што ги преземаме сите мерки бидејќи се наоѓаме во сезона на респираторни болести.

Народот мора да направи дистинкција помеѓу грип и грипозни состојби и Корона вирусна инфекција

д-р Жарко Караџоски за Утрински брифинг

Добро е што ги преземаме сите мерки бидејќи се наоѓаме во сезона на респираторни болести. Затоа народот мора да направи дистинкција помеѓу грип и грипозни состојби и Корона вирусна инфекција, бидејќи овој вирус се манифетира како лесна, средно тешка и тешка форма па затоа мора да се каже следново: Бидејќи има 4.500 инфицирани и хоспитализирани, зошто нема 4.500 смртни случаи?

д-р Жарко Караџоски, епидемиолог

Одговорот е дека болеста не е манифестирана исто кај сите, односно потешка клинична форма има кај оние лица кои имаат уште некое, понекогаш малигдно заболување, лица со оштетување на некои органи и системи кои го ослабнуваат имунитетот.

Тие лица ако дојде грипот кај нив потешко ќе го прележат. Ова за Утрински брифинг го изјави епидемиологот, д.р Жарко Караџоски за денешната ситуација во Македонија и светот околу вирусот Корона.

Заболувањата, причините за Корона вирус може да се манифестира преку Корона мерс вируси, односно вируси на арапскиот подконтинент, т.е заболувања од диви и домашни животни кои таму се чуваат и одгледуваат.

Кај сите болеста не е манифестирана исто, односно потешка клинична форма има кај оние лица кои имаат уште некое, понекогаш малигдно заболување, лица со оштетување на некои органи и системи кои го ослабнуваат имунитетот.

д.р Жарко Караџоски

Го имаме и Сарсот од истата група на заболувања. Значи матичната група е Корона вирус, а таа има подвидови. Сарс се манифестираше со голем морталитет со 796 смртни случаи. И едниот и другиот се опасни за човештвото, можат многу лесно да се пренесат. Не е контактен тип од типот кожа со кожа, туку контаминирана со слузница, дури и преку слузница на очи. Значи некој мора да кашла и да кива и да се поздравува за да се пренесе, вели Караџоски.

Епидемиологот Караџоски во интервјуто со Сашо Орданоски за Утрински брифинг истакна дека на аеродромот имаме стручна екипа епидемиолози и медицински техничари

Затоа, одржувајте ја личната и колективната хигиена, мијте ги рацете повеќе пати во тек на денот, мијте ги рацете оној момент кога ќе се поздравувате со некого, кога ќе ви кива и кашла, односно бидете на растојание од 1,5 метар. Тоа се доволни превентивни мерки за грип. Но состојбата со контаминацијата на нашата животна средин, заедно со контаминацијата на рацете е иста и за едното и другото – се пренесува по респираторен пат. Одредени вируси доволно е да дојдат до нашите раце, нашата кожа и слузницата на очите за да се пренесат.

д-р Жарко Караџоски

Согласно препораките на СЗО, Европскиот центар за мониторинг на заразни заболувања уште од времето на ебола вирусот имаме направено алгоритнми. Тоа се патеки на движење на лица кои се „сомнителни“ на одредено заболување. За нив спроведуваме одредени мерки, активности кои треба да ги преземе превентивната и колективната служба.

На аеродромот Скопје има две простории за изолација. „Сомнителните“ луѓе при влез во нашата држава ги дочекува термалната камера. Таа е сигурна до таму што ако човек има 38 степени температура таа ќе го покаже.

Круцијалното прашање е од каде доаѓаат тие патници и од каде е летот. На аеродромот имаме стручна екипа епидемиолози и медицински техничари, вели Караџоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × one =