“Ќе има и утре” – почнува 45. издание на МОТ

You must need to login..!

Опис

Под мотото „Ќе има и утре“, утревечер се отвора 45.издание на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) на кој до 3 декември публиката ќе може да види вкупно 12 претстави онлајн и во живо. Оваа година беше посебен предизвик да се организира меѓународен театарски фестивал, особено што голем дел од условите не зависеа само од нашите протоколи и мерки за работа во театар, туку посебно во секоја земја со движењето на луѓе и техника.Така што долго преговаравме за програмата, се откажуваа претстави, се договараа други за конечно успееме сепак достоинствено да го одбележиме 45-тото издание на МОТ.

Слоганот „Ќе има и утре“ е во смисла на тоа дека се’ брзо ќе се врати во нормала, дека публиката нема да се плаши и ќе се врати во театарските салони, дека самите автори ќе се охрабрат да ги завршат своите премиери, така што влегуваме со верба и оптимистичка надеж во реализација на 45.издание. Успеавме да направиме некаков компромис помеѓу можноста и реалноста што ни се случува во моментов и да најдеме формула како тоа би можело да се организира еден меѓународен театарски фестивал, а притоа да не ги нарушиме основите на една театарска продукција, бидејќи театарот е жив медиум, се прави за пред публика, за искуство коешто се случува во моментот. Се одлучивме на неколку формати, најпрво имаме три продукции кои сепак ќе се играат пред публика, нормално со сите протоколи и мерки.

Тие ќе се играат пред ограничен и мал број публика, но и не се играат во еден физички простор, туку публиката се движи. Ќе отвориме со една нова продукција со екипата која минатата година не’ израдува со наградата „Златна Тига“ на Квадриналето во Прага. Го испродуциравме проектот кој се вика „Универзална во пламен, трагедија во шест декади“ и таа претстава ќе се игра пет дена по ред. Потоа на 28 ноември имаме премиера на продукција на колегите од Велес, која пак, се игра за по еден гледач.

И за крај ги имаме нашите пријатели од Ателје 212 од Белград, кои во овие времиња направија продукција размислувана и подготвена да се игра по протоколи“, вели Русе Арсов, директор на Младинскиот културен центар кој е организатор на фестивалот МОТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + two =