Ќерими: До овој момент немаме податок за фалс вакцини во Република Северна Македонија

You must need to login..!

Опис

Секторот за меѓународна полициска соработка е организациона едеиница која функционира во БЈБ при МВР. Јас како нејзин човек одговарам пред директорот на Бирото. Единицата е формирана во 2010 и има за цел да биде контакт точка за размена на информации помеѓу сите организациони едници при МВР кои спорведуваат истрага и не само МВР, туку Царинската управа, Управата за финасиска полиција, Обвинителствата со Интерпол, Европол и не само со овие туку и со други меѓународни организации, изјави во Утрински бирифинг Рефик Ќерими, началник на Интерпол и Европол.

Комуникацијата се одвива преку безбедносните канали. Со Интерпол е познатиот канал 24/7, додека со Европол има посебен безбедносен канал наречен „Сиена“, но во дадена ситуација се користи телефон, факс и други видови на комуникација, изјави Ќерими.

Бидејќи сме земја членка на Интерпол имаме пристап до сите можни бази кои ги користи Интерпол. Имаме пристапдо најголемата и најважната база која е за потрага по по лица, како и за потрага и лоцирање на огнено оружје, вели Ќерими.

Виситина е дека стигна предупредување за опасна игра на мрежата Тик Ток. Ние тоа веднаш го псоделивме со релевбантните институции. Но одгооврен за преземање на било какви мерки , во смисла на истрага и затворање на Тик Ток, одговорно во МВР е секторот за Компјутерки криминал и дигитална форензика, вели Ќерими.

Ние како сектор немавме конкретна задача, затоа што немаше утврдено дека има елементи од надвор во скандалот со Јавна соба и затоа не бевме вклучени, но сепак откако се појави МВР два пати ја затвори таа група. Не може да се рече дека е неуспешно, бидејќи сепак се работи за комјутерски предизвици, се затвораат па отвораат, но МВР е тука и секогаш кога се појавуваат се затвораат. Санкциите треба да бидат во координација со правосудните органи, вели Ќерими.

Имаше распишани предупредувања за лажни вакцини и известени се сите надлежни служби, посебно Царинската управа на Македонија која е одговорна за увозот на сток. Ако има таква појава ние како Интрпелол ќе бидеме известени и ќе ги известиме надлежните служби. Но до овој момент немаме податок за фалс вакцини во Република Северна Македонија.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + 2 =