🎥 Љупчо Петковски: Популизмот и додворувањето ќе ни се удрат од глава – патриоти по професија не ни требаат

You must need to login..!

Опис

-Мислам дека овие избори ќе имаат најмала излезност. Постојат повеќе причини, и на партиите ќе им биде ѓаволски тешко да ги привлечат граѓаните да излезат на избори. Јас не очекувам повеќе од 50% излезност. Контактот со луѓето тоа ми го говори, изјави за Утрински брифинг Љупчо Петковски од Стелар консалтинг.

Говорејќи за предизборната реторика до сега за Петковски не е изненадување досегашната реторика на лидерите на најголемите партии.

-Чувството и перцепцијата која се создаде кај граѓаните дека властите добро се справуваат со кризата, мислам дека тоа полека почна да се руши по оној втор бран и највеќе со прецепцијата и чувството на неказнивост. Сетете се само изјавите на реисот и на МПЦ. Нема владеење на право, не се знае да се удри на маса и законите да важат за сите. И не само неказнивоста. Погледнете последниве месеци се возобновија некои националистички наративи, особено кај Македонците, што мислевме дека не постојат. Изјавите од типот „Преку мост се толерира“ се доказ за тоа.

-Ние имаме најлоши бројки во целиот регион во моментов. Ние не успеавме да се избориме со првиот бран. Сето тоа се должи на неспроведувањето на законите. Не се смогнаа сили законите низ цела држава да се спроведуваат. Политичарите се препукуваат за тоа кој е крив и тоа е срамно за сите нас. Популизмот и додворувањето на граѓаните на подолг рок ќе ни се удрат од глава, вели Петковски.

Говорејќи за инсистирањето на ДУИ за премиер Албанец, Петковски вели дека тој нема ништо против човек од било која етничка заедница да биде премиер, но етничката припадност не е мерило за квалитет.

-Етничката припадност не е нешто што ги дефинира квалитетите и не е квалитет сама по себе, но имам против да располагаат со купчето пари кое и јас со труд го имам полнето и придонесено луѓе кои што се патриоти по професија, било тоа да се Роми, Македонци, Албанци.

-Во таа смисла оние немаат веќе немаат друга приказна. Да не беа клиентелистичките мрежи кои ги создадоа сиве овие години на власт до сега ќе беа опозиција, вели Петковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + thirteen =