Љатифи: Дигитализацијата е нешто што мора да случи како што се случила индустриската револуција

You must need to login..!

Опис

-Во право сте дека во минатото информатичкото општество или информатиката со администрацијата немало некоја поврзаност и тоа е една од целите за самото постоење на министерство, бидејќи навистина тие две работи треба да одат заедно, изјави за Утрински брифинг проф. д-р Шпетим Љатифи, советник во министерството за информатичко општество и администрација.

-Дигитализацијата е нешто што мора да случи како што се случила индустриската револуција. Така што секој отпор кој што се дава кон дигитализацијата е осуден на неуспех. Дигитализацијата не е само користење на компјутерите, тоа е олеснување на секојдневниот живот на граѓаните и на бизнисите.

-Второ тоа значи зголемување на транспарентноста, на функционирањето на таа администрација и целокупното поставување и организирање на политичкиот систем и се што е јавен сектор.

-Трето намалување на степенот на корупција. Не би сакал да упатам директни критики, но сме должни да направиме реформи во администрацијата и тоа секојдневно правиме повеќе работи кои што темелно, стратешки, законски, но и оперативно даваат резултати, потеницира Љатифи.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × 3 =