ЈСП пушти во сообраќај дополнителни 50 автобуси

You must need to login..!

Опис

Откако минатата недела Владата донесе одлука автобусите на ЈСП Скопје да сообраќаат со половина од капацитетот, со цел да се спречи ширење на Коронавирусот, граѓаните се жалат дека не можат навреме на стигнат на работните места, бидејќи, како што велат, не им е дозволено да влезат во автобусот. Дали раководството на ЈСП има план да го реши овој проблем, денеска ја прашавме Деспина Трајковска Димова, портпарол на ЈСП. Таа за Утрински брифинг на Слободна ТВ, нагласи дека за решавање на ваквиот проблем пуштени се во сообраќај дополнителни 50 возила.

Од минатата недела ЈСП како и досега, постапи согласно одлуката на Влада според која возилата од јавниот автобуски превоз смеат да возат само со преполовен капацитет. На поголем број линии, зголемен е бројот на возила, а зголемувањето се прави врз основа на бројот на валидации кои што ги имаме во системот. Тоа значи дека ако до пред една недела во Скопје сообраќаа околу 140 возила, сега сообраќаат околу 190 возила.

Таа нагласи дека за комплетно да се испочитува мерката на Владата, во автобусите се ангажирани и редари кои физички бројот колку патници има во автобусот.

„Останатите кои се наоѓаат на автобуската станица ќе мора да почекаат да дојде следниот автобус. Моментално автобусите возат по делничен летен возен ред. Дали автобусите ќе почнат да сообраќаат по зимски возен ред не би можела да кажам затоа што ниту една одлука не се прави на своја рака, туку се земаат во предвид валидациите“, нагласи Трајковска, и додаде дека автобусите редовно се дезинфицираат, пред и по пуштање во сообраќај.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 2 =