ЈП Паркови и зеленило започна со пролетните хортикултурни уредувања

You must need to login..!

Опис

Пролетта сама по себе носи бројни активности за хортикултурно уредување на зелените површини во Скопје. Раководителката на одделението за односи со јавност во ЈП „Паркови и зеленило“, Елизабета Георгиевска денеска во Утрински брифинг рече дека интензивно работат на разувавување на Скопје.

-Врнежливото време кое го имавме изминатиов период предизвика забрзан раст на тревата, затоа периодов сме сконцентрирани на косење на тревата, но активно се работи и на замена на зимските со летни садници. Денеска екипите работат на цветните аранжмани на булеварите во општина Аеродром, поточно се заменуваат цвеќињата на фигурите штрк. Фигурите ги изработуваат учениците од средното  уметничко училиште „Лазар Личеновски“. Георгиевска вели дека не запираат кражбите на садниците, и многу често тукушто насадените аранжмани се мета на кражби.

-Постојано се соочуваме со кражба на цвеќиња. Последно таква појава забележавме во Градски парк, каде што имавме насадено цветна рундела со петунии и од која за една недела недостасуваат 150 парчиња. Вакви појави има и на други локации. Ние постојано апелираме до граѓаните да го чуваат јавното зеленило како да е нивно, и да не ги крадат цвеќињата, но за жал се уште има многу несовесни граѓани, вели Георгиевска. Претпријатието честопати е критикувано за ненавремено косење на тревните површини и недоволно наводнување на истите, како и за нередовно празнење на кантите за отпадоци во Градскиот парк, на што раководителката на одделението за односи со јавност вели дека граѓаните треба да знаат дека ингеренциите на претпријатието се ограничени.

-Во наша надлежност се главните паркови во Скопје и средишното зеленило на булеварите, додека се што е во самите населби, помеѓу зградите, е под ингеренција на општините. Ние соработуваме и им помагаме доколку им е потребна механизација, но одговорност не треба да се бара кај нас доколку некоја површина не е уредена.Што се однесува до наводнувањето на зеленилото, само Градскиот парк и парковите во Аеродром имаат техничка вода за полевање, додека другите површини се полеваат со вода за пиење, Токму поради тоа понекогаш во летните месеци се случува да добиеме насока од ЈП „Водовод и канализација“ за рационално трошење на водата за пиење, поради што рестриктивно ги полеваме трвните површини или пак ги наводнуваме во доцните часови, објаснува Георгиевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

thirteen − 9 =