Јорданов: Потегот на Заев е обид за дефокус на јавноста од коруптивните скандали

You must need to login..!

Опис

Во изминатиов период доста често се дискутираше дали парламентарното мнозинство е стабилно, гледавме изјави на коалиционите партнери на СДСМ дека настапуват поединечно. Очигледно е дека се оградуваат од политиките на Заев. Актуелно е тоа дека еден месец Парламентот немаше седници и работата на Собранието е закочена. Но освен тоа што имаат проблеми во парламентарната група и парламентарното мнозинство, тие имаат проблеми и на дневна основа, затоа што секојдневно граѓаните сведочат за коруптивни скандали. Очигледно е дека вчерашниот ден е обид за дефокус на сето тоа кое граѓаните го следат и за прв пат еден премиер не беше сигурен во своето парламентарно мнозинство, изјави Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако Заев е сигурен во мнозинството бара да биде изгласана доверба на Влада. Ако е сигурен зошто не ја остави постапката како што до сега е практикувана, да можеме ние како пратенци да расправаме зошто даваме или недаваме доверба на Владата. Така граѓаните ќе можеа да видат како ќе се произнесат пратениците од парламентарното мнозинство , но и од опозицијата. Во овој момент очигледен е политичкиот договор кој го имаат направено, ги имаат сите инструменти на располагање, власта им нуди моќност за пазарење со сите политички чинители, но реалноста не е таква, вели Јорданов и додава дека за краток период оние кои сега ја подржаа владата ќе се оградуваат од политиките на СДСМ.

Јас не би сакал да шпекулира, но факт е дека дел од коалиционите партнери делуваат самостојно затоа што очигледно не се согласуваат со одредени политики кои се практикуваат, изјави Јорданов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + nine =