Јорданов: Усогласување на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа пред избори само по себе остава одреден сомнеж

You must need to login..!

Опис

Станува збор за трето усогласување на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа што само по себе остава одреден сомнеж. Иако на денешната комисиска расправа ова усогласување практично на законот за прекршоци со законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа е една законска обврска која што е една чиста формалност, јас само сакам да се навратам на она што во изминатиов период имавме можност како членови на комисијата и на пленарна седница како пратеници да го продискутираме е тоа што практично пред локалните избори се врши измена дополнување на законот за финансирање на единиците на локална самоуправа.

Ако претставниците на власта доста често зборуваат за задолженост односно за расчистување на долговите на општините практично со овие претходни измени на законот за финансирање на единиците на локална самоуправа тие практично овозможија и овозможуваат на нивните претставници во локалните самоуправи односно градоначалниците практично да ги зголемат долговите на општините односно тоа да го направат со законско решение, изјави за УБ пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Иван Јорданов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 4 =