Неискористената експертиза – студија за учеството на жените во ТВ дебатите, разговор со Ивана Јордановска

You must need to login..!

Опис

Медиумите се креатори на јавното мислење и ако како општество се надеваме да ги сфатиме жените како експертки, како искусни и професионални во своите области, медиумите имаат многу значајна улога во сето тоа. Затоа „Инситутот Преспа“ направи мониторинг да видиме колку се застапени жените во најразлични области како експертки на дебатните емисии, изјави во Утрински брифинг Ивана Јордановска надворешен соработник на „Институтот Преспа“.

За било која тема да се работи, има докази и истражувања дека жените допринесуваат со една различна перспектива кон работите. и ние тука како општество можеме многу да добиеме. Ако ги погледенеме бројките на жените кои што дипломираат на скоро сите сектори во нашите Универзитети постои одреден вид на паритет, дури и во некои области жените се побројни, но тоа искуство и таа експертиза потоа не се рефлектира во дебатните емисии и јавниот дискурс и мислам дека затоа сите ние губиме како општество, вели Јордановска.

Во општествените науки секогаш се прави генерализација, затоа што за разлика од природните науки ние не можеме да дојдеме до апсолутно точни податоци, секоја индивудуа може во секој момент да доенсе различна одука за самите себи си, но кога генерализираме можеме да најдеме одредени разлики. Се надеваме дека во идниот период ќе погледенете подлабоко во тоа што се дискутира, на кој начин се дискутира и кои се сите можни причини зошто жените не се повеќе застапени на овие дебатни емисии, додава Јордановска.

Анализиравме 980 епизоди од 7 различни емисии кои што се емитуваат на 6 различни телевизии. Она што ние го видовме е дека ситуацијата и податоците се катастрофални. Помалку од 20% од сите гости во овие емисии се жени – 19.81%. Од тие 980 емисии на 70% од тие емисии имаме само мажи како гости. Овие податоци се различни во зависност која тема се покрива. Најпопуларна тема е домашната политика со повеќе од 50%, втора е надворешна полтика и безбедност, здравје као трета, па економија и образование и социјални прашања.

Целиот разговор со Ивана Јордановска погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − 9 =