Јон Фрчкоски: Македонија има физички имот во екс-Ју државите, но немаме имотни листови за тие објекти

You must need to login..!

Опис

Изградбата на станови за лица во социјален ризик е примарна дејност на АД, и ова како дејност се реализира. Факт е дека е предвидено изградба на нови 777 станови, така што тоа што го најави Заев е точно. Тоа е дел од владината програма која што ние треба да ја реализираме, изјави во Утрински брифинг Јон Фрчкоски, директор на правна служба во АД за Стопанисување со стамбен и деловен простор.

Предвидени се 13 објекти во 13 градови во државата од кои два се започнати, а останатите се во различниа фаза. Оваа и наредната година најмногу ќе бидеме посветени на ова. Во 2109 имавме 100 искористност на траншите на ЦЕБ, односно поволни кредити за изградба на ваков тип на објекти кои што претходно не беа пипнати. Постоеше и ризик да проппаднат истите.

Факт е дека има определен број на деловнии едници пред се низ екс- Ју државите. Детектирани се и новите единици. Проблемот е што ова не зависи само од нас како АД.

Треба на меѓувладино ниво, со меѓународни билатерални договори да се реши ова. Генерално ситуацијата е дека дел се уште стојат евидентиран на фирми кои што веќе не постојат, во процесот на приватизација исчезнале, дел се узурпирани од тамошно население и тепшко е да влезете во постапка да ги вратите.

Битно е што во овој момент имаме детектирано дел од она што може да се детектира. Работиме на механизмот преку кој што ќе можеме тоа да го земеме во располагање. Дали да го стопанисуваме, издадеме, продадеме, размениме, кое и да биде решение најприфатливо за нашата држава. Мислам дека оваа приказна брзо ќе дојде и на меѓу-владино ниво, изјави Фрчкоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × two =