Љолес: Наскоро ќе уживаме во едно епско видео „Одиме на Европско“, сите заедно да го славиме огромниот успех на репрезентацијата

You must need to login..!

Опис

Песната „Одиме на Европско“ е прогласена за официјална навивачка химна на фудбалската репрезентација на Македонија за претстојното Европско првенство, со поддршка на Фудбалската федерација на Македонија.

Коавтори се Петар Младеновски, водачот на групата „Суперхикс“, и Саше Љолес , студент на Филолошкиот факултет во Скопје.

За химната е снимен и видеоспот во кој се појавува целата македонска фудбалска репрезентација. Спотот се очекува да биде промовиран наскоро. Европското првенство во фудбал ќе се одржи од 11-ти јуни до 11-ти јули во 12 држави. Нашата репрезентација по прв пат настапува на едно големо натпреварување.

-Идејата е искрено настаната. Песната во најпрвична варијанта е направена уште вечерта кога се пласиравме на ЕП. Се оствари мојот сон од детството, а верувам и на многу генерации спортисти, спортски работници и обични луѓе. Со Суперхикс седнавме неколку пати, во неколку часа успеавме да го комплетираме јадрото на песната. Во јануари ја имавме веќе демо верзијата.

-Со рестриктивните мерки имавме проблем во однос на сценариото , бидејќи имавме план да снимаме и со навивачки групи. Смислувавме нови сцени, но некако комплетиравме. Патувавме во пет градови до сега, снимавме во Скопје, се обидуваме да ги опфатиме сите региони во државата. Се надевам дека наскоро ќе можеме сите да уживаме во едно епско видео посветено на навивачката химна „Одиме на Европско“. Мислам дека од почетокот на мај ќе има официјална промоција на видеото и песната.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + 18 =