Јолевски: Советот на јавни обвинители не може сам да отвори постапка против обвинители

You must need to login..!

Опис

Претседателот на Советот на Јавни обвинители Антонио Јолевски вчера рече дека не сака да биде ставен во ист кош со несовесните обвинители, кога пратениците го обвинија дека е соучесник бидејќи не ги посочува оние кои работат несовесно.

-Советот на Јавни обвинители работи според соодветниот закон. Ние како Совет се залагаме сите оние јавни обвинители кои го прекршиле законот да бидат разрешени односно против нив да се поведе постапка. Дисциплинската постапка во ЈО е првиот чекор што треба да се преземе, а ако тие утврдат дека треба да се преземе дисциплинска мерка или разрешување тоа го поднесуваат до Советот. Јовноста има погрешна претстава дека Советот може да постапува самостојно, вели Антонио Јолевски, претседател на Советот на Јавни обвинители за Утрински брифинг.

Тој додава дека Советот побарал да им бидат зголемени надлежностите, а ако забележи пропуст реагира до соодветните Обвинителства кои одлучуваат како ќе постапат. Советот е вклучен со сопствени предлози и видувања во измените на Законот за ЈО.

На вчерашната средба меѓу Јолевски и министерот за правда Никола Тупанчевски се разговарало за тоа Советот да биде вклучен во измените на законите поврзани со обвинителската дејност. Јолевски очекува што поскоро да се донесат тие измени за да се врати довербата на јавноста. Тој истакнува дека Советот на Јавни обвинители нема ингеренции како Судскиот совет кој има ингеренции да решава за работењето на судиите.

Проследете го целиот разговор во видеотоПретседателот на Советот на Јавни обвинители Антонио Јолевски вчера рече дека не сака да биде ставен во ист кош со несовесните обвинители, кога пратениците го обвинија дека е соучесник бидејќи не ги посочува оние кои работат несовесно.

-Советот на Јавни обвинители работи според соодветниот закон. Ние како Совет се залагаме сите оние јавни обвинители кои го прекршиле законот да бидат разрешени односно против нив да се поведе постапка. Дисциплинската постапка во ЈО е првиот чекор што треба да се преземе, а ако тие утврдат дека треба да се преземе дисциплинска мерка или разрешување тоа го поднесуваат до Советот. Јовноста има погрешна претстава дека Советот може да постапува самостојно, вели Антонио Јолевски, претседател на Советот на Јавни обвинители за Утрински брифинг.

Тој додава дека Советот побарал да им бидат зголемени надлежностите, а ако забележи пропуст реагира до соодветните Обвинителства кои одлучуваат како ќе постапат. Советот е вклучен со сопствени предлози и видувања во измените на Законот за ЈО.

На вчерашната средба меѓу Јолевски и министерот за правда Никола Тупанчевски се разговарало за тоа Советот да биде вклучен во измените на законите поврзани со обвинителската дејност. Јолевски очекува што поскоро да се донесат тие измени за да се врати довербата на јавноста. Тој истакнува дека Советот на Јавни обвинители нема ингеренции како Судскиот совет кој има ингеренции да решава за работењето на судиите.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

4 + 10 =