Јованоска: Уште сум во шок што ја добив наградата “Роман на годината”

You must need to login..!

Опис

„Денот на црвот“ од Симона Јованоска, издание на „Или-или“, е годинашниот добитник на наградата „Роман на годината“, што ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“. На Јованоска ова е и е прв роман по збирката раскази од 2015 година „Ги најдов во длабокото“. Таа за Утрински брифинг вели дека посакувала но не очекувала дека ќе ја добие оваа престижна книжевна награда што се доделува по 23 пат.

„Како аутсајдер во литературните кругови се’ уште сум во шок, прво заради тоа што ја добив наградата која многу ја посакував, но не очекував дека ќе ја добијам. Најверојатно се“ уште не сум свесна колку е значајана и колку автори ја посакуваат со години. Велам дека сум аутсајдер бидејќи имам завршено Економски факултет, седум години работев во банка, потоа случајно излезе да се вработам во маркетинг агенција и да работам нешто сосема друго, работам како копирајтер“, вели Јованоска за Утрннски брифинг.

За насловот на романот „Денот на црвот“ таа вели дека не сака да наметнува на читателот кого ќе идентификува со црвот. „Мене како автор ми е важно делото да нема се’ сервирано бидејќи така читателот станува пасивен и не се активира да ја доживее книгата на свој начин. Сакам кога читателот ќе си даде своја смисла па макар таа да биде различна од таа што јас сум ја замислила. За мене тоа претставува успех и цел. За мене лично црвот шретставува излегување на целата тежина која ми се случуваше таа 2020 година кога е пишуван романот“, додава Јованоска.

Во образложението на жирито на Фондацијата „Славко Јаневски“ за наградата за која конкурираа вкупно 39 романи, меѓу другото се вели: „Во ‘Денот на црвот‘, авторката на умешен начин комбинира различни приказни, егзистенцијални ситуации и човечки судбини. Композициски, книгата може да се чита како еден вид книжевна симфонија. Романот е богат на ниво на стил, книжевна постапка и тон на раскажување, а хуморот, иронијата и суптилната пародија се некои од стратегиите што авторката ги користи за да го збогати читателското искуство“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

16 + ten =