Јовановски: Стратегијата ќе биде да се смисли наратив дека Путин е некаков победник

You must need to login..!

Опис

-Цинично звучи да кажам дека гледам оптимистички на целата ситуација во Украина, бидејќи има многу жртви, но целава приказна ќе го декомпонира митот за големата руска армија, која гази се. Сериозно ќе ги ослабе позициите на Путин.

-Многу ми е драго кога го гледам Зеленски како држи лекции во секој Парламент во ЕУ. Таа ЕУ во последната декада се претвори во структура која ја раководат некакви чиновници кои појма немаат од ништо.

-Парадоксално е, но еве се најде Путин, да ја консолидира ЕУ. Сега е прашање како да се најде егзит стратегија за Путин. Тој заглави во Украина, треба да излезе од Украина и да му се смисли некој наратив дека он е некаков победник , изјави за Утрински брифинг новинарот Борјан Јовановски.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

eleven + twenty =