Јовановски: Не сум лудо задоволен, ниту многу разочаран од работата на Советот на Град Скопје

You must need to login..!

Опис

-Почетокот е во ред. Се запознаваме со структурата. Треба да има кохезија. Не сум лудо задоволен, ниту многу разочаран. Мислам дека претседателот на Советот доста добро си ја врши работата. Нема чекање и се е добро од таа сфера, изјави во Утрински брифинг Горјан Јовановски, член на Советот на Град Скопје од Зелен хуман град (ЗХГ).

Говорејќи за соработката со градоначалничката Арсовска, Јовановски вели дека имаат соработка, но идејата е да бидат слушнати од ЗХГ.

-Проблемот со јавноста и новинарите, ние на Кабинетот на градоначалничката, им спомнавме дека е потребно подобрување, но со нас како советници, јас гледам дека имаме добра комуникација, додава Јовановски.

-„Буткаме„ амандмани кои се поднесени, со надеж дека проблемите ќе се финализираат, вели Јовановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

4 × 1 =