Јовановски: На општеството му е потребна катарза

You must need to login..!

Опис

Во услови кога Универзална сала е затворена веќе пет години и се води дебатата дали да се руши или да се реновира, авторите Кристина Леловац и Филип Јовановски ја направија претставата перформанс „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“ во продукција на МОТ и „Факултет за работи што не се учат“. Премиерните изведби се одржаа во рамките на фестивалот МОТ, а авторите најавуваат дека публиката ќе има можност да ја види оваа претстава и во наредните месеци.


„Претставата беше предизвик од повеќе аспекти, освен ковидот, самата состојба во која се наоѓа зградата, практично ние игравме со таа приказна а тоа е дека официјално е затворена веќе пет години, половина зграда нема струја и ние игравме со тој контекст, со тој ресурс. Текстот го изградивме од самата зграда, од контекстот, од прашината. Самата претстава отвора неколку линии: најшироката тема е на кого припаѓа градот? Значи ова е претстава за градот, преку случајот на Универзална сала зборуваме за градот, за правото на градот. Исто така, бевме испровоцирани од дебатата која се отвори летово, кога се појави информација дека Универзална ќе се руши, па таа општествена дебата предизвика да се прашаме што треба ние да направиме во едно уметничко дело.

Предизвик беше да се направи претстава во истиот момент кога проблемот е актуелен, понесовме одговорност да кажеме наш став кога општеството беше буквално поделено: да се руши или не. Ние во претставата велиме: „Да се запали Универзална за да од пепелта се роди нова“. Практично го поставуваме прашањето што значи новата солидарност. Дали се тоа некои спомени што се распаѓаат, или зборуваме за некое ново општество што треба да го изградиме“, рече за Утринси брифинг, Филип Јовановски, автор на претставата.
Јовановски пред неколку дена во близина на хотелот Бристол постави натпис на кој пишува „Оној кој неучествува во настаните на својот град, не е мирен туку е лош граѓанин“.

„Ова е почеток на еден подолгорочен проект кој го работиме заедно со Локомотива, насловот е „Дрвјата паметат“ и со оваа акција започнуваме да градиме архива на сеќавања на дрвјата, архива на сеќавања на насилството и уништувањето на јавните простори во градот и ја отовраме целата приказна за паркобраните“, додава Јвановски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + 9 =