Јовановски: „МојГрад“ не е закана, напротив, го адресираме проблемот со цел позелен, поубав и похуман град

You must need to login..!

Опис

Платформата „МојГрад“, како првa и единственa грасрутс алатка во Македонија за непосредна демократија и партиципативно одлучување. Преку механизмите на „МојГрад“, граѓаните за првпат добиваат можност да ги диктираат урбаните политики на локално ниво, и со тоа да го предизвикаат постоечкиот институционален систем во кој последниот збор го имаат партиските интереси.

Недостигот од демократски легитимитет и влијанието на крупните интереси е причината за сите блокади во остварувањето на јавниот интерес. „МојГрад“ има за цел да го адресира коренот на проблемот, прераснувајќи во вистинска виртуелна политичка заедница.

-Директна демократија кај нас се уште е во раните фази на создавање. Сфативме дека директна комуникација со надлежните, послебно на локално ниво се уште е тешко. Гледаме исфрустрирани граѓани кои незадоволството го искажуваат на социјалните мрежи, бидејќи не знааат како да стапат во контакт со надлежните. ГЛедаме граѓани кои онлајн потпишуваат петиции. Гледајќи го цел овој проблем повеќе организации и индивидуи кои по капата на „Зелен хуман град“, рековме ајде ќе направиме и да се обидеме да направиме подостапна локалнат авласт. Веб страната мојград.мк постои околу месец дена и целта на граѓаните е да доставуваат предлози до, на почетокот град Скопје, како сакаат да го подобрат нивниот град да биде позелен, поубав, похуман, изјави во Утрински брифинг Горјан Јовановски, креатор на апликацијата МојВоздух, долгогодишен социјален и еко активист и дел од Мојград.

Предлозите може да се поднесат преку сајтот, откако се објавуваат на сајтот сите корисници на сајтот можат да гласаат за или против тие предлози. 72 часа пред Совет на град Скопје ги заклучуваме трите најгласни предлози ги ставаме на хартија, независната советничка Драгана Велковска ги поднесува на дневен ред, вели Јовановски.

Целиот разговор со Горјан Јовановски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × one =