Јовановски: Многу преживеавме, малку научивме

You must need to login..!

Опис

Многу преживеавме, малку научивме. Доста време потрошивме, многу препреки проживеавме, затворени граници итн. Имавме фундаметални поместување.

Но мислам дека за разлика од други земји со кои заедно живеевме во поранешната држава не смогнавме сила да се договориме внатре во државата, за тоа што се договараме, без разлика кој е на власт.

Тоа е практично клучниот столб – погледот не може да зависи од четиригодишниот политички циклус, туку ако сакате да постигнете еден поголем исчекор, оддржлив пораст на животниот стандард на граѓаните, што е поента на економијата, тогаш треба да се договорите внатре. Ова е повик за една внатрешна кохезија, изјави за Утрински брифинг Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − 7 =