Јовановски: Капиталните инвестиции се една од клучните слабости на оваа Влада

You must need to login..!

Опис

-Министерот Бесими вчера не знаеше да одговори дали прво ќе биде донесен буџетот или ќе биде изгласана нова влада. Ме радува конструктивноста од страна на опозицијата. Доколку не биде донесен буџетот ќе има големи последици. Ова е добар потег на опозицијата без оглед на бројот на амандманите. Процедурата во Собранието е ако не дојдат во рок од 10 дена до договор постои можност на компромис која ја најави и министерот.

-Европската комисија прилично изненадувачки излезе со прецизна и јасна констатација дека намалувањето на буџетскиот дефицит нема да оди така како што предвидува владата земајќи ги предвид сите светдки економски двожења. Доколку инфлацијата се пролонгира тоа секако ќе удри и врз можностите за нови инвестиции но и можноста граѓаните да трошат односно ќе имаат помалку пари за тоа.

-Деновиве во посета на Македонија беше Јанез Копач претседател на Европската енергетска заедница и рече дека Македонија е во многу неповолна ситуација.

-Обновливите извори на енергија во земјава не може да одговорат на предизвиците. Ние генерално се потпираме на РЕК Битола и никој не предвиде дека ќе се случи енергетска криза. Очигледно ќе мора да ги вклучиме и останатите капацитети а тоа ќе значи и поголемо загадување…

-Прв пат оваа Влада излезе со една јасна енергетска стратегија. Меѓутоа енергетската криза дојде некако среде натпревар а последиците допрва ќе ги видиме и покрај обидите да се амортизира ударот, вели за УБ новинарот Мирче Јовановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five − 1 =