Јовановски: Ако има санкции кон Русија ќе се зголеми цената на енергенсите што понатаму ќе влијае на другите пазари

You must need to login..!

Опис

Во следниве месеци топ тема ќе биде прашањето на конфликтот меѓу Русија и Украина. Од економска гледна точка, Европа зависи од енергенсите од Русија, а голема е и трговската размена меѓу Русија и ЕУ во полза на ЕУ. Македонската економија не е зависна од Русија и Украина, но при евентуален конфликт тоа ќе се одрази врз нас, вели гувернерката на НБРСМ.

-Директни последици нема да се почувствуваат, но индиректните последици ќе стигнат до нас. Имајќи ги предвид податоците за надворешнотрговската размена Русија е на 21. место како трговски партнер на нашата земја, при што дефицитот во размената е на наша штета. Со Украина размената е уште помала, вели за Утрински брифинг економскиот аналитичар Мирче Јовановски.

Јовановски вели дека најголемата опасност од спроведување на најголеми досега санкции ја гледа во затворањето на вентилите за рускиот гас. Тој додава дека ние сме капка во морето, но тоа ќе влијае на нас со оглед на тоа што Владата се договори со Те-то за спроведување на греењето во Скопје. Но, Јовановски не очекува дека санкциите во голема мерка би се однесувале на енергетскиот пазар.

-Доколку целата ситуацијата околу Украина ескалира, тога сите светски текови ќе бидат нарушени. Украина е голем производител на жито. Русија не е меѓу најголемите економии, но е многу значаен фактор во енергетиката, рударството и одбранбената индустрија. Така то, ако се воведат санкции тоа ќе доведе до зголемување на цената на енергенсите што понатаму ќе влијае на другите пазари, вели Јовановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × one =