Јовановска: Пензиите редовно ќе се исплаќаат – ПИОМ има редовни приливи и намален е приливот од буџетот

You must need to login..!

Опис

Воопшто нема простор за паника или страв кај пензионерите во делот на сервисиртање на пензиите. Буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е во одлична кондиција. Се тее како што е планирано, има прилив и сервисирањето на пензиите до крајот на годината ќе биде редовно, па дури би рекла и предвремено, односно на крајот од месецот, изјави во Утрински брифинг директорката на ПИОМ, Билјана Јовановска.

И покрај тоа што е ковид криза, знаем дека владата презема низа на мерки и активности со што се зачуваа работните места, со тоа се уплаќаат и придонесите ов Фондовите. Покрај тоа има проекти и мерки во изминатата години, а верувам и оваа, за отворање на нови работни места. Во одредени сектори имаше намалување на бројот на вработени, но затоа во други сектори се зголеми бројот на вработените, се отворија нови работни места. Така што балансот остана на една права линија, односно Фондот до крајот на годината е во сосема стабилна состојба – пензионерите можат да бидат спокојни, вели Јовановска.

За разлика од изминатите години, во делот на трансферот од централниот буџет кон ПИОМ, сега имаме трансфер од 38%, што значи зависноста на буџетот на Фондот од централниот буџет се намалува. Затоа сите показатели се дека ПИОМ нема да има проблеми со сервисирање на пензиите, додава Јовановска.

Имаме тренд на зголемување на просечната пензија и во 2021. Јас верувам дека со усогласувањето што ќе биде и во јули, ќе има зголемување на просечната пензија, со тоа што кога ќе се стабилизира севкупната економска состојба во државата повеќе од сигурно е дека владата ќе преземе активности за евентуално покачување, вели Јовановска.

Во моментов во сила е Законот каде што оние граѓани кои што работеле, иамле азснован работен однос, но за одреден период фирмата не им го платитла поридонесот, а оптипшла во стечај или ликвидација, тогаш лицето кое сака да замине во пензија може да го доплати пензискиот стаж за тој период. Значи не може да се докупи стаж за период за кој што граѓанинот нема засновано работен однос, односно не бил пријавен преку фирма во задолжително социјално осигурување, изјави Јовановска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × one =