Јовановска: Получекор на Бугарите за промена на режимот на Борисов

You must need to login..!

Опис

Актуелниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, се бори да опстане на политичката сцена, а Бугарите тргнаа кон правец да го менуваат, вели во својата анализа за Утрински брифинг, долгодишната новинарка Слободанка Јовановска.

„Реално Борисов последните години се одржува со контрола на центрите на моќ, ги контролира медиумите, бизнисот…во Бугарија има клиентелизам како од времето на Груевски, практично еден режим кој се гуши самиот себе. Борисов се бори да опстане бидејќи зад себе има многу афери и хипотека. На Бугарија и треба промена, по сите параметри Бугарија заостанува зад европските земји. Тој е заробен сега од центрите на моќ и нема шанси да донесе некакви промени, за тоа се свесни граѓаните. Едноставно по мене овие избори се убава вест, Бугарите покажаа дека не му се плашат и дека се решени да го сменат. Ова е получекор во тој правец“, вели Јовановска.

Во однос на второпласираниот на тамошните избори, шоуменот Слави Трифунов, за него Јовановска вели дека не е решението туку е показ на протест против естаблишментот.

„Со него Бугарите покажуваат како ја сфаќаат бугарската политика, како несериозна и некредибилна. Тој нема капацитет да им донесе на Бугарите она што им треба“, коментира таа, додавајќи дека Трифунов не е националист од тврд ков без оглед на некогашните потсмевања со Македонија и пасошите.

Новинарката во веб-медиумот „Независен“ смета дека Бугарија никогаш и не била силен поддржувач на политиките за проширување на ЕУ.

„Таа секогаш калкулираше со ветото кога е во прашање Македонија. Чекаше да дојдеме до клучен момент и да ги испорача своите барања. Единствен голем интерес кој го има Бугарија е да се избрише границата со Македонија. Така полесно ќе им биде да ја шират бугарштината овде. А политиката на Каракачанов ќе оди во историја. Резултатите од изборите покажаа дека политиката против Македонија таму нема поддршка“, анализира Јовановска.

Таа во гласањето на бугарската дијаспора против Бојко Борисов гледа одраз на тоа дека Бугарите надвор не се под влијание на бугарската пропаганда и не се дел од како што вели, заробената држава и понатаму вели останува да се види дали ќе има експертска влада.

Според неа, најавите од бугарските новинари се дека овој резултат е добар за односот кон Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + 13 =