Јовановска: Планирам да се кандидирам за втор градоначалнички мандат

You must need to login..!

Опис

Планирам да се кандидирам за втор градоначалнички мандат. Она што го ветив и планирав сакам да го остварам и да ги заокружам проектите со новиот мандат изјави во Утрински брифинг градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска.

Кога дојдов како градоначалник затекав малтене уништена општина од долгови. Ми требаше година и пол да ги затвориме долговите. Успеавме да се извлечеме од таа ситуација. Најмногу се посветивме на патната инфраструктура и водоводните капацитети, вели Јовановска.

Планирам во наредниот мандат да започнам со канализација која воопшто ја нема во нашата општина. Тоа е крупен прокет, но нормално е после водоводите да се оди со решавање на прашањето за канализацијата, додаде Јовановска.

Целиот разговор со градоначалничката на Старо Нагоричане погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 + eight =