Јовановска – Очекуван потег од Бугарија, Крастев – темата Македонија не е централна во бугарското општество – време е да победат реалните интереси на двете земји

You must need to login..!

Опис

Последните две години Владата го предвидуваше потегот на Бугарија и се внимаваше да не се направи чекор кој би бил злоуппотребн од Софија. Но се покажа дека суетата на бугарската нација е поголема и едноставно за прв пат се најдоа во ситуација на некоја земја да и демонстрираат сила. Јас искрено вчера не очеклував ништо. Се гледа дека се влезени во изборна кампања, рејтингот им е сериозно загрозен, бугарското општество ги отфрла и едноставно се обидуваат да се спасат суштајќи се на ниво на национализмот.

Моите колеги бугарски новинари едноставно викаат дека се е диригирано како во време на Груевски тука во Македонија и едноставно во бугарското општество не разбираат што сака да постигне владата со ветото. Ниту имаат сила ниту аргументи да го истуркаат до крај ова, изјави во Утрински брифинг новинарката Слободанка Јовановска говорејќи за последниот самит во рамки на Берлинскиот процес, и додаде дека во Брисел постои консензус односно со постапките очигледна е намерата Бојко Борисов да се спаси и да остане на власт.

Во Утрински брифинг гостуваше и Николај Крастев кој истакна дека постои шанса и во последен момент да победат реалните интереси односно Македонија да започне со преговорите со Европската Унија и додаде ковид-19 е темата која преовладува во моментов во бугарското општество, додека Македонија е на седмото место.

Разговорот со Јовановска и Кратев погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − three =