Ивановска од ДКСК за земјиштето кај Холидеј ин и одлуката на уставните судии: Едно да е јасно – никој не е над законот и законите важат за сите

You must need to login..!

Опис

Во јавноста се извади информацијата дека општина Центар склучила договор за метар квадратен за изработка на детален урбанистички план. Ја истражувавме тендерската постапка и нема забелешки во тој поглед, но каде е ризикот. Ризикот е таму што економскиот оператор што со наддавање успеал да го добие тендерот е истиот изработувач на претходниот план што не е во согласност со ГУП-от.

Тоа е паркингот пред Холидеј Ин. Симптоматично е како е окрупнето тоа земјиште – државата продала земјиште кое што е во процес на денационализација од 2002. Но со промена на Законот во 2010-та се овозможува со земјиштето да располага и некој друг, за разлика од претходно кога додека не завршеше процесот никој не располагаше. И што се случува сега – додека планот е под мораториум се продава градежно земјиште и се остава простор сопствениците да даваат насоки што они би сакале таму да градат. И многу наивно е да се верува дека еден план ќе се направи за толку ниска цена, изјави во Утрински брифинг Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, говорејќи за урбанистичките планови во општина Центар.

Ова се ризици кои ние ги утврдуваме и даваме препораки до општина Центар дека мора да се почитува Законот за урбанистичко планирање во кој што се вели дека деталниот план мора да биде усогласен со повисокиот план, односно со ГУП-от. Овој план е оспорен бидејќи не бил усогласен, вели Ивановска и додава дека треба да се внимава планот да не отстапува од ГУП-от и да се внимава градоначллникот да ја исполни законската обврска и да го формира партиципативното тело во кое што треба да членуваат граѓани, организации, стручна фела, стручни дебати.

Говорејќи за одлуката уставните судии сами да си ги зголемат платите, Ивановска вели дека јавноста е воизнемирена од етичкиот аспект на одлуката. За законскиот дел претседателката на ДКСК вели дека е потребен закон за Уставен суд и дека е потребен нов деловник зошто истиот е од 1991 година.

Разговорот со Билјана Ивановска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 + 2 =