Јовановска: Не лажам ни манипулирам, масовни отпуштања нема

You must need to login..!

Опис

-Во моментов Агенцијата за вработување ја објави, редовно и уредно, бројката на невработени лица за месец март, која што во споредба со претходниот месец бележи зголемување за околу 2.000 лица.

-Тоа е бројка на евидентирани невработени лица. Би сакала да кажам дека иако со уредба е стопирано, односно одложено редовното тековното пријавување на веќе евидентираните лица, системот не ги брише и немаат обврска да доаѓаат во Агенцијата, сите лица кои сега останале без работа можат да се пријават и тоа слободно го прават во центите. Од друга страна Агенцијата ја нуди услугата на пријави и одјави – М1-М2 во задолжително социјално осигурување.

Таа бројка е променлива во секој момент. Зошто тоа немора да значи и престанок на работен однос? Затоа што можеби, со датум 14-ти или 15-ти, XY граѓанин е одјавен од задолжително социјално осигурување, но веќе на 15-ти е направена пријава за 16-ти истиот месец. Ова значи дека тоа не е престанок на работен однос, како што не е и мирувањето на работниот однос, ниту пензионирањето, изјави за Утрински брифинг Билјана Јовановска, директор на Агенцијата за вработување, за реалните состојби околу бројката на невработеност во време на кризата предизвикана од Коронавирусот.

Околу барањата на угостителите и заканите дека ќе се отпуштат од работа 15.000 работници, Јовановска вели дека до сега такво нешто се нема случено.

-Во секојдневна комуникација сум со Центрите и такво масовно отпуштање воопшто не постои. Од друга страна јас сум повеќе од убедена дека сево ова ќе заврши, а знаат и угостителите дека тие кадри се дефицитарни. Ние во неколку наврати сме разговарале и секогаш угостителите велеле дека тој кадар е дефицитарен. Сметам дека со поддршката од Владата тие кадри треба да се задржат, вели Јовановска.

Владата во континуитет излегува со нови мерки и решенија за поддршка за задржување на работните места. Покрај тие економски пакети, ја субвенционира и минималната плата од 14.500 денари за да се задржат вработените. Како во другите дејности, така и во дејноста угостителство и туризам не само што ги задржуваат вработените, туку и вработуваат други лица, а доказ се подготвените договори за субвенционирање на плати кои ќе бидат потпишувани следната недела. Меѓу тие 1.500 лица кои аплицираа има и голем број работодавачи кои што имаат дејност угостителство, туризам, хотелиерство. Тоа се нови вработувања, вели Јовановска.

Околу обвинувањата дека се манипулира околу бројките, и обвинувањата од Сојузот на стопански комори и прес конференцијата на угостителите, Јовановска вели дека ги повикува медиумите, јавноста, комората заеднички да се извадат листинзите на работодавачите (доколку се согласат) кои ќе покажат дали тие одјавиле или пријавиле вработени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − three =