Јовановска: Гарванлиев владее со сцената во Ротердам

You must need to login..!

Опис

Впечатокот е дека светот конечно се враќа на старите патеки. За да успее настанот Евровизија, организаторот, градот домаќин и сите вклучени подготвија протокол. Но не е тешко, бидејќи сите живееме повеќе од година дена со мерките за заштита од ковид -19. Се чувствуваме безбедно, не тестираат на секои 48 часа. Маска мора да се носи во затворениот простор, дистанцата мора да се оддржува изјави Александра Јовановска, шеф на македонската делегација во Ротердам.

Шоуто мора да се врати на ТВ екраните и да се покаже на светот дека овие настани се возможни. Вчерашниот ден имаве генерална проба. Арената беше полна со 3.500 публика, што не е цел капацитет, но да видите публика на шоуто беше стварно одлично. Музиката треба да победи, но сите се победници бидејќи успеавме сите да се обединиме заедно и да го вратиме шоуто, вели Јовановска.

Васил е неворајтно силна личност, еден огромен професионалец, владее со сцената, со огромно интенационално искуство. Максимално е вложен во целиот процес, има визија и концепт. Лесно е да се работи со човек како што е Васил. Мал, но компактен тим сме. Настапот ќе биде класичен, елегантен, можеби минималистички, но сцената е полна, бидејќи Васил владее со сцената, доминира вокално, додава Јовановска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 2 =