Јовановска: Васил ја претстави Македонија на највисоко ниво – сите се согласија дека заслужуваше да влезе во финалето

You must need to login..!

Опис

Македонскиот претставник на Евровизија Васил Гарванлиев не се пласираше во финалето. Тој денеска на првата вечер од 65-тата „Евровизија“ која се оддржа во Холандија настапи под редниот број шест со песната “Here I stand”. Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со атрактивна кореографија.

На денешната прва полуфинална вечер беа одбрани првите 10 финалисти, меѓу кои се Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија, Украина. Покрај македонскиот настапувач, во втората финална вечер нема да учествуват нити Словенија ни Хрватска.

Добивме фантастични коментари, дека Македонија е претставена на највисоко ниво. Откако заврши гласањето, сите се согласија дека Васил заслужуваше да влезе во финалето. Јас му благодарам што беше толку професионален и толку многу се вложи. Чекаше цела година и веднаш се даде во акција – веруваше во себе, во песната и ја доби апсолутна поддршка, изјави во Утрински брифинг Александра Јовановска, шеф на македонската делегација во Ротердам.

Средно објективна слика се добива од гласњето на крајот. Но, подетално може да се анализира откако ќе ги добиеме резултатите, во сабота. Може да се анализира, но станува се потешко да се предвиди кој ќе оди во финалето, вели Јовановска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − eight =