Јовановска: Ако се случи нешто во Украина ќе биде Трета светска војна, а не војна од мал формат

You must need to login..!

Опис

Новинарката Слободанка Јовановска деновиве се врати од Украина и во студиото на Утрински брифинг зборува за своите впечатоци од теренот.

Се води голема дипломатска битка. Се користи присуството на руските трупи на воена вежба во Белорусија за да побара некакво решение за кризата. Факт е дека Украина има окупирани територии кои не може да ги врати. Факт е дека окупираниот Крим не може да добие меѓународно признание. И намерно се предизивикува тензија за на маса да се најде решение. Но, не може да се реши со воени средства украинската криза, никој не верува во тоа дека е можен воен конфликт изјави Јовановска.

Таа во Украина присуствуваше на покана на украински невладини организации заедно со десетина други новинари.

-Подтекстот или задтекстот на целата криза е гасот. Гасоводот е чудовиште. И од него зависи снабдувањато на цела Европа со гас, смета Јовановска.

-Во окупираните териотиии луѓето веќе 8 години живеат со таа ситуација. Војната им е секојдневиие, а во Киев состојббата беше зачудувачка. Луѓето се многу храбри, решени да ја бранат државата. Никој не викаше дека се плаши или ќе бега. Сите викаа дека се подготвени за одговор, Не се чувствувањше никаква предвоена паника. Имаше и туристи од внатрешноста на Украина во Киев, имаше журка. Не се плашат, и не веруваат многу дека ќе има воена интервенција, рече Јовановска за атмосферата во земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

five × 3 =