Јовановиќ: 5Г технологијата користи помали фреквенции и од самите рутери, науката ги отфрла теориите на заговор

You must need to login..!

Опис

5Г технологијата, која е само продолжение на 4Г генерацијата, има регулирано и контролирано зрачење од Меѓународната комисија за нејонизирачки зарачења. Во Македонија се уште не имплементирана, но треба да се нагласи, покрај сите тие теории на заговор, дека нејзиното зрачење е помало и од некои секојдневни уреди во домовите.

Ова во Утрински брифинг, денеска го потенвираше Мирослав Јовановиќ, технички директор во Телеком.

„Во случај кога има голема непогода, како сегашнава пандемија на корона вирусот, ќе најдете необјаснива причина која не е втемелена во науката. Мислам дека треба да направиме демистификација. 5Г е новата генерација на технологија. Се работи за технологија за зголемување на протокот. 5Г технологијата ги користи истите фреквенции како и 2Г и 3Г и 4Г, така што не ја гледам причината за овие шпекулации. Зрачењето од страна на операторите е регулирано и контролирано од Меѓународната комисија за нејонизирачко зрачење, која ги дава сите препораки дадени од ЕУ. Истите тие препораки се имплементираат во Македонија од страна на АЕК. АЕК прави мерења и тие покажуваат дека зрачењата се далеку под максималните вредности дозволени со закон“, изјави Јовановиќ.

Тој објасни дека 5Г технологијаа во Македонија како земја што сака да членува во ЕУ, се очекува во втората половина на 2020 година.

„Европската комисија има укажано дека фреквенциите кои се предвидени за употреба на 5Г, треба до крајот на годината да бидат дадени на аукција. АЕК има распишано јавна расправа за фреквенциите во спектарот од 700 мегахерци, кои во моментов се користат за дигитална телевизија, односно телевизијата која граѓаните ја гледаат со нивните смарт-телевизори. Како и за 3.6 гигахерци фреквенции. Во Македонија 5Г засега нема, бидејќи овие фреквенции не се се уште дадени. Се очекува во втората половина од годината да има 5Г“, дополни Јовановиќ

Тој објаснува дека електромагнентно зрачење доаѓа и од самата природа, а еден дел и од сите апарати кои ги користеме во домаќинствата, од телевизор до сушари за алишта.

„Ако видите на пример, сите речиси користиме Вај-Фај (WI Fi) рутери кои користат фреквенции од 2.4 гигахерци за постарите стандарди и 5 гигахерци за новите стандарди. 5Г која се уште ја нема во Македонија, користи и помали фреквенции. Замислете Вај-Фај уредите користат поголеми фреквенции, а на рутерот се појавуваат повеќе мрежи кои зрачат. Во самите домови, ако се земе предвид 3.6 гигахерци, се работи за фреквенција која не може да пенетрира во нашите домови. Она што сега може да влезе дома се веќе постоечките Вај-Фај мрежи“, објаснува Јовановиќ, технички директор во Телеком.

Меѓудругото тој информираше дека во периодот на активни карантини, Интернет сообраќајот на Телеком е зголемен +30 од нормална ситуација, а за таа намена ги прошириле меѓународните линкови за потребите, особено забавниот дел од користењто на Интернетот како и за потребите за учењето од дома, видео-конференциите и слично, смирувајќи дека мрежата им е стабилна и Интернетот не е во опасност да падне.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 2 =