Јовановиќ: Целта на нон-пејперот е да се блокира проширување на ЕУ, идејата е излезена од кујната на десничарската „булумента“

You must need to login..!

Опис

Овој т.н нон-пејпер, колку што јас имам информации од западните медиуми, направен е во кабинетото на Јанша и предаден е на крајот на февруари оваа година во Брисел. Ова значи дека Јанша веќе подолго време сака да игра на таа карта која се нарекува Голема Србија и Голема Албанија и тој е еден од најгласните заговорници за дораспаѓање на Југославија, иако Југославија не постои веќе 30 години и да не заборавиме дека Југославија се распаѓаше во четири војни – од 1918 година до 1989 година, изјави во Утрински брифинг политичкиот аналитичар и колумнист, Ненад Јовановиќ.

Има разни теоротечари,а еден од најважните – Умберто Еко, велеше дека радикална десница воопшто не се занимава со конкретни луѓе и човечки судбини, туку со колективитети и прекројуавање на граници. Тоа е иманентно на сите националистички вади и политички партии. И оваа работа не само што ја поддржува Јанша, туку и директно од Будимпешта Виктор Орбан и цела десничарска болумента на екстремни десничари, вклучувајќи го и нашиот Христијан Мицкоски кој што претпоставувам дека разбира, но нема храброст до крај да се искаже или да се изрази во кој проекти влегува со т.н поголеми и поопасни играчи од десницата во оваа Југоисточна Европа, вели Јовановиќ.

Во овој момент во Европа во некоја смисла јакнат десничарите. Да не заборавиме дека во деведесеттите имаше една Вишеградска група поврзана со Унгарија, Чешка и Словачка и сега влегува оваа приказна со Јанша. Значи тие се обидуваат да создаваат некој фронт кој што иманентно во самата нивна политика е дека се противат на проширување на ЕУ и идејата е да останат во постоечките граници во кој ќе можат да имаат апсолутен суверенитет националистички. Знаеме дека ако они остануваат во своите граници, почнува насилство, расизам. Значи во овие држави, како Унгарија, Словенија сакаат во постоечките државни уредувања да владее национализмот, како што бевме навикнати претходните 10 години да гледаме. Целата идеја е да нема проширување на ЕУ. Нон-пејперот е стриктно направен за да се блокира проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, смета Јовановиќ.

Големо прашање ќе биде како Германија после Ангела Меркел ќе се одреди кон овој нон-пејпер и тоа непроширување на ЕУ. Но мислам дека за американската политика и Бајден ќе биде неприфатливо едно ново прекројување на балканските граници. Доколку беше Трамп сигурно во игра ќе беа некои територијални прекројувања и националистички фантазии на Балканот, вели Јовановиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 + nineteen =