🎥📞Јовановиќ: Неизвесноста во секојдневието на прекаријатните културни работници станува далеку поизразена

You must need to login..!

Опис

Од денеска 11 јуни до 18 јуни, почнува онлајн изложбата „Да бидеме заедно, додека сме разделени“ во организација на Културно-социјалниот простор Центар – Јадро. Станува збор за групна изложба на уметниците Иван Ивановски, Симона Манчева, Дарко Алексовски, Доротеј Нешовски, Елена Чемерска, Зорица Зафировска и Никола Узуновски.

Куратор е Јованка Попова, а координатор на проектот Ѓорѓе Јовановиќ.

„Во време на оваа новонастаната ситуација неизвесноста во секојдневието на прекаријатните културни работници станува далеку поизразена. Честопати сме разочарани од немањето слух за нашите политички барања, а надежта треба да ја најдеме единствено во фактот што се имаме едни со други“ велат од „Јадро“.

Кризата го смени текот на настаните и се прилагодуваме на новонастаната ситуација. На нашата ФБ страница секојдневно ќе претставуваме еден автор. Во време на оваа ново настаната ситуација неизвесноста во секојдневието на прекаријатните културни работници станува далеку поизразена. Честопати сме разочарани од немањето дослух за нашите политички барања, а надежта треба да ја најдеме единствено во фактот што се имаме едни со други. Она што не можеме да го добиеме од државата, работодавецот, синдикатот, го бараме еден кај друг. И го наоѓаме. Покануваме седум малди автори кои преку своите дела ќе проговарат за видиливите и скриените нееднаквости во општеството, изјави за Утрински брифинг Ѓорѓе Јовановиќ, Онлајн група изложба „Да бидеме заедно додека сме разделени“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six − 3 =