Јованова: На сите медиуми во Русија им е забрането да го нарекуваат тоа што се случува во Украина војна или инвазија

You must need to login..!

Опис

-Завршив Средно училиште во 2014 кога започна кризата во Крим и доби стипендија од германската Влада да продолжам со студии во Германија, каде што прво се фокусирав на евро-интеграциите на Балканот, а потоа, бидејќи ми беше интересна темата со анексијата на Крим, решив уште од прв семестар да учам руски јазик. Постепено се насочував кон односите на Европската Унија и Русија и во 2016 отидов на студентска размена во Санкт Петербург каде што студирав меѓународни односи, изјави за Утрински брифинг Ева Јованова, некогашен асистент по руска надворешна политика, Универзитет Џорџтаун, Вашингтон и германски дипломец по руско- европски политички односи.

-Потоа кратко време работев во Бундестагот, потоа 2020 година во Вашинготн предавав на „Џорџтаун“ во Вашингтон, каде професорка беше неколку децении беше една од главните советнички на тема Русија. Се знае со Путин и има напишано многу книги, вели Јованова.

-На сите медиуми во Русија им е забрането да го нарекуваат тоа што се случува во Украина војна или инвазија.

-Мора да се зборува за некава операција и тоа е една работа која што се донесе за репресија на медиумите.

-Кога се зборува за обичните граѓани, последната декада е многу тешка за рускиот народ да зборува за својата земја од низа на закони.

Целиот разговор погледенте го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nine + eighteen =