Јачева-Улчар: Во старословенскиот јазик основата е македонски говор од околината на Солун

You must need to login..!

Опис

За Бугарија нашиот јазик е само западна норма на бугарскиот јазик која важи само во рамките на границите на Македонија, без своја историја.”- вели проф.Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик. Многу малку се инвестира во македонскиот јазик, државата потфрли.

-Од над 20 лекторати во Европа и светот пред осамостојувањето, сега се сведовме на 8.

-За нашиот јазик, линвистите велат дека е јазик кој има словенска лексика, но балканска граматика. Македонскиот јазик влегува во т.н Балкански јазичен сојуз, во кој покрај нашиот јазик влегуваат уште и бугарскиот, албанскиот романскиот, грчкиот и турскиот. Од сите овие јазици имаме создадено голем број граматички конструкции, чиешто жариште на сите конструкции се лоцирани во југо-западна Македонија и оттука се шират кон сите други балкански земји, изјави за Утрински брифинг Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик.

-Научниците, балканистите кои се занимаваат со проучувањето на овие јазици, велат дека македонскиот е еден од најбалканските јазици во оваа група на јазици.

Целиот разговор со брифинг Елка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

thirteen − ten =