Јаревски: Загрижува тоа што сме најкорумпирана држава во Европа – потребни се решенија, а не импровизации и манипулации

You must need to login..!

Опис

-Граѓанинот јас го гледам во поширока смисла на зборот. Треба да бидеме во континуирана соработка, да ги слушаме туѓите мислења, различните ставови, да ја имаме предвид стручната јавност, синдикалните организации, невладиниот сектор, граѓанскиот активизам, тоа значи граѓанинот во најширока смисла на зборот, изјави во Утрински брифинг Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и додава дека барањата на граѓаните треба соодветно да се претстават.

-Законските решенија не треба да генерираат проблеми, туку треба да бидат рамка во којашто истите ќе се решаваат.

-Не е ни чудо што имаме ваква перцепција за политичарите. Ние сега имаме официјално прогласени четири кризи. Она што мене ме тишти е што не можеме да излеземе од истите.

-Сѐ уште сме во мигрантска криза, здравствена криза, енергетска, па дури и топлинска криза, вели Јаревски.

-Она што загрижува е самото опкружување и нашето секојдневие во коешто живееме, што сега стана веќе неподносливо. Тоа резултира со недоверба во институциите, во системот, недоверба во иднината и желбата за напуштање на државата. Од тоа нема покатастрофална состојба.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

18 + 17 =