Јанчев: Предвремени парламентарни избори не се потребни, потребно е поразумно раководство во ВМРО-ДПМНЕ

You must need to login..!

Опис

Јас лично се уште не сум вклучен во ИО за вонреден Конгрес. немам информации колку делегати. Амбциите секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ и кој што мисли дека може да направи подобро за партијата мислам дека треба да направи програма и да и помогне на партијата.

Мојот начин на работа и стил не е деструктивност, јас доаѓам од бизнис секторот, не сме учени да вреѓаме, ниту да бидеме насилни. Сегашното раководство го употреби против мене тоа кога излегов на Собраниска говорница и кога кажав дека ако Заев го нема требаше да го измислиме, дека е флесибилен и добар човек кој знае да прави компромиси во политиката. Јас уште стојам на тоа што го кажав – флексибилност во политиката и подговотвеност за компромис и тоа како е потребна, изјави во Утрински брифинг, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Мојата крајна цел не е само да се земе партијата и да се води – она што го зборев вчера ќе го кажам и денес – закрвувањето помеѓу македонскиот народ, вокабуларот мафијаши и криминалци, мислам дека треба да прекине и да не биде тема на политичките партии, туку си има судови и органи кои треба да се бават со тоа. Не сум за предвремени парламентарни избори. Не за да ја штитам власта, туку за да ја заштитам државата – државата нема веќе капацитети и можности да ги одржува овие предвремени парламентарни избори. Што ќе постигфнеме со нив? Да треба компромис и разговор, повеќе сум за широка коалиција после локалните, со некакво поразумно раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Не е битно кој ќе ја води државата, туку е битно тоа да е транспарентно и објективно, вели Јанчев.

Доколку не сум член на идното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе побарам уште еден мандат. Очекувам да бидам поддржан од партијата, доколку не бидам, тогаш ќе ја разгледувам опцијата како независен кандидат, истакна Јанчев.

Говорејќи за бегството па враќањето на Мијалков, Јанчев смета дека потребно е преиспитување на сите почнувајќи од најнискиот ешалон.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + 12 =